|
Thursday, 03 December 2009 13:37 |
|
Младинскиот културен центар во чии рамки работи Градски театар – Скопје ве поканува на 04.12 (петок) со почеток во 20часот на премиера на претставата “Дон Жуана“ по Молиер во режија на гостинот од франција Патрик Вершурен.
“Каква е опасноста денес за човек да ја игра “Дон Жуан”? Никаква, тоа за него е исто така една позиција на задоволство.Сепак, ако жената ризикува, таа ги има сите шанси да се изгори.Веднаш се забележуваат решетките кои ја демнат.Затоа што, тоа е едно општество кое е навредено во име на религијата, моралот и коректноста.“Дон Жуан” од Молиер е раскажанo од една жена која на тој начин ги враќа своите бои и својата ароганција.Создадено во 2006, делото одново го почнува животот во Скопје со една прекрасна екипа на актери.“ (Патрик Вершурен)
Во претставата играат : Јелена Жугиќ, Сања Арсова, Катерина Коцевска, Ана Кафкалеска, Димитар Доксевски, Ивица Димитриевиќ и Елена Трајковска. Костимограф на претставата е Изабела Жорж, сценогарфијата ја направи Благоја Мицевски, музиката е на Филип Морино, композиција на сонгот: Константин Плавнеш.
Карти за премиерата можат да се купат на билетарата на Младинскиот културен центар по цена од 300 денари. Додека за репризата на 05.12 (сабота) билетите се по цена од 250 денари за ученици и студенти по 170 денари.
 |
|
Thursday, 01 October 2009 09:58 |
|
По двете изведби (премиера и реприза) во рамките на 34-то издание Меѓународниот Театарски Фестивал МОТ во рамките на програмата “Ѕвездите што доаѓаат”, претставата “Празен град“ на Дејан Дуковски, во режија Андреј Цветановски во продукција на фестивалот МОТ, Градски театар Скопје и Културниот Центар “Фишта“ ќе ја има својата премиера и пред Гостиварската публика, на 02.10 (петок) и 03.10 (сабота) во Домот на Културата во Гостивар.
Во претставата играат Арџент Хасани и Берат Салиу, сценографијата е на Владо Ѓорески. Режисер: Андреј Цветановски
Претставата зборува за двајца млади луѓе заглавени во подрумот на светот. Не можејќи да излезат надвор, се забавуваат на начин и средства кои им се достапни во просторот.
“На кој начин да си ги исполниме животите за да не ја чувствуваме празнината кое го носи општеството... Како да се преживее периодот на младоста? Каде е заглавена нашата генерација? Зошто не дава знаци на активен живот, туку ги прима ударите што и ги задава животот?
Тоа се прашањата кои ги поставува оваа претстава, автентична по израз и сценски простор.“
Коментари |
|
|
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>
|
|
Page 1 of 17 |