|
Thursday, 01 October 2009 09:58 |
|
По двете изведби (премиера и реприза) во рамките на 34-то издание Меѓународниот Театарски Фестивал МОТ во рамките на програмата “Ѕвездите што доаѓаат”, претставата “Празен град“ на Дејан Дуковски, во режија Андреј Цветановски во продукција на фестивалот МОТ, Градски театар Скопје и Културниот Центар “Фишта“ ќе ја има својата премиера и пред Гостиварската публика, на 02.10 (петок) и 03.10 (сабота) во Домот на Културата во Гостивар.
Во претставата играат Арџент Хасани и Берат Салиу, сценографијата е на Владо Ѓорески. Режисер: Андреј Цветановски
Претставата зборува за двајца млади луѓе заглавени во подрумот на светот. Не можејќи да излезат надвор, се забавуваат на начин и средства кои им се достапни во просторот.
“На кој начин да си ги исполниме животите за да не ја чувствуваме празнината кое го носи општеството... Како да се преживее периодот на младоста? Каде е заглавена нашата генерација? Зошто не дава знаци на активен живот, туку ги прима ударите што и ги задава животот?
Тоа се прашањата кои ги поставува оваа претстава, автентична по израз и сценски простор.“
|
|
Last Updated ( Thursday, 01 October 2009 13:08 )
|